Во Охрид на 1 јуни ќе се одржи првиот Национален Таеквондо турнир „Ohrid OPEN 2019″, организиран според турнирскиот систем на Македонската таеквондо федерација.
Организаторите најавуваат учество на повеќе од 150 таеквондисти од цела Европа, најмногу од соседните земји и од поширокиот регион на Балканот.
Самите натпреварувања ќе се одвиваат според официјалните правила на Светската таеквондо федерација, во категории кадети, јуниори и сениори (А и Б класа).
Натпреварот ќе се одржуваат во Спортската сала „Билјанини извори” со почеток во девет часот кога ќе зaпочнат борбите, а церемонијата на свеченото отворање на турнирот е закажана точно на пладне, со официјално претставување на натпреварувачите и клубовите.
Организатор на Таеквондо турнирот „Ohrid OPEN 2019″ е клубот „Хваранг Фист” од Охрид, кој е член на Федерацијата од 2007 година и активно учествува во работењето на истата со членови во самата организација, како и во натпреварувачкиот систем. Раководител на клубот е Ацо Јосифоски, петти дан, Светски семи-контакт и европски Таеквондо шампион, повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства.