Општина Аеродром денеска ја одбележува 147-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански. По тој повод, делегација на Општина Аеродром положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“. На одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.
Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани.