Авионот од Истанбул пренасочен кон Приштина
Авионот кој од Истанбул полета кон Скопје и натаму е во воздух, но на небото над Косово. Поради силен ветер најпрво Боингот 737 кружеше околу Кавадарци, а потоа имаше обид да слета во Скопје, но беше неуспешен по што доби инструкции да лета кон Приштина.
ТВ21 од извори од аеродромот дозна дека причината поради пренасочувањето е силниот ветер. Инаку веќе еден авион бил пренасочен кон аеродромот во Охрид.