Паркирањето не им оди од рака на сите возачи, особено ако треба да се паркираат во рикверц.
Така, еден пензионер се изнамачи да го паркира својот мал автомобил, а за сето време додека траеа неговите напори, соседот го снимаше од својата тераса.
Како што се гледа на видеото, тој сакаше да паркира на слободно место меѓу друг автомобил и тревникот.
Во еден момент заврши дури и во грмушките, но тоа не го обесхрабри.
По неколку обиди напред и назад и влегување во тревата, тој конечно успеа да се паркира.
Како изгледаше целата ситуација, погледнете на снимката пoдолу.
https://www.facebook.com/uniladmag/videos/2325159027742044/?t=0