Џип прегазил 7-годишно дете кај Батинци

Седумгодишно дете се бори за живот откако било прегазено од џип, вчера во близина на скопското село Батинци.

Сообраќајната несреќа се случила во 20.35 часот кај мостот во скопското село Љубош кон селото Батинци. Џип „нисан навара“ со италијански национални ознаки, управуван од Т.С.(32) од селото Црни Врв, удрил во седумгодишно момче од селото Цветово.

Од ударот детето било тешко повредено по што било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Според лекарите детето е во животна опасност.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави