Автомобил се забил во дрво, возачот починал

Жител од струмичкото село Босилево загинал откако со автомобилот што го управувал излетал од пат и се забил во дрво, вчера претпладнето кај Струмица.

Според полицијата, сообраќајката се случила На 18.05.2019 околу 10.40 часот на магистралниот пат Струмица-ГП „НовоСело“, помеѓу селата Дабиле и Босилово. Автомобил „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки, управуван од И.Г.(61) од  селото Босилово, излетал од патот и удрило во дрво.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави