Земјоделец починал откако му паднала метална шипка на глава

Вчера околу 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека во струмичкото село Зубово, починал Б.К.(66) од селото Зубово.

Критичното време Б.К. работел во нива со трактор под пластеници. Во еден момент една метална шипка од пластеникот се откачила и го удрила Б.К. во задниот дел на главата, по што починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

Треба да знаете
Последни објави