Се запали билборд на Тајмс сквер во Њујорк

Еден билборд синоќа се запали на њујоршкиот плоштад Тајмс сквер, по што пожарникари излегоа на местото на настанот, кои соопштија дека во ненадејниот пожар никој не бил повреден.

Пожарникарите појаснија дека не е оштетена ниту зградата на Тајмс сквер на која бил поставен билбордот.

Како што пренесе агенцијата АП, пожарникарите долго време се обидувале да го спречат протокот на електрична енергија до ЛЕД билбордот.

Треба да знаете
Последни објави