Tамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за нас во историјата на ова натпреварувње.
Поради ваквиот успех честитки пристигнаа од политичкиот врв во државата, односно од премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, кои на своите фејсбук-профили упатија пораки до нашиот евровизиски тим.
Кон честитките се приклучи и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој на „Фејсбук“ кратко напиша: „Честитки за Тамара. Македонија вечна!“.