Бугар шверцувал 8 мигранти во кров од комбе

Осум мигранти биле пронјадени во специјално направен бункер на кров на комбе, вчера на ГП Табановце.

Според полицијата, во 23.30 часот на ГПТабановце, при преглед на товарно возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки, управуван од П.П.(47) од Бугарија, во кровниот дел од возилото, во наменски прилагоден простор, царински и полициски службеници пронашле осум лица-мигранти од Ирак, кои не поседувале документи за идентификација.

Возачот П.П. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави