Павле Богоевски сѐ уште е пратеник и не сака да се повлече ниту од морални, ниту од здравствени причини, а ние пак не сакаме избраник на граѓаните да носи одлуки со поматена свест, рече денеска во изјава пред Собранието, Сергеј Попов, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, како што истакна Попов, не сакаат ниту Богоевски да да се вознемирува кога нема да му биде средено убаво она пола кое што го нарачува.
„Вчера ти оставивме бело брашно, ама нема благодарност од твоја страна. Извини ако сме ти го згрешиле ‘белото’. Еве денес пак бел прашак. Пак имаш цело кило. Можеш да переш алишта ама нема гаранција дека и совеста ќе си ја испереш. Само сакаме да ти напоменеме, во упатството за употреба јасно стои дека не е за преку нос“, рече претставникот на опозициската партија.
Попов со иронија зборуваше и за фактот што пратеникот не прифатил нарко-тест.
„И немој Павле да се тестираш за наркотици. Нека збори народот што сака. Не си ти по кокаинот. Ти си по белиот прашак. Затоа твоите алишта ќе имаат планинска свежина“, порача тој.