Сообраќајот на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, во периодот од 20 мај до 17 август годинава ќе се одвива согласно Одобрение на времен режим на сообраќај, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од таму додаваат дека ваквата одлука следува по најавата на друштвото „Асфалт ДООЕЛ Скопје“ за изведување на градежни работи за рушење на стара наплатна станица.