Германската Влада минатата година потрошила рекордни 23 милијарди евра за интеграција на бегалците, како и на отстранување на причините за бегство, што е за 10 отсто повеќе отколку во 2017 година, говорат интерните документи на официјален Берлин.
Најмногу пораснала ставката која се однесува на борбата против причините поради кои бегалците одлучуваат да ја напуштат земјата на потекло и се насочуваат кон Германија, а примарно се издвоени повеќе пари за подобрување на животните услови на граѓаните, што, според проценките, треба да го намали бројот на бегалци кои заминуваат во ЕУ.