Професор д-р Катерина Ставри, директорката на Клиниката за детски болести, си поднесе оставка од функцијата.
Информацијата за ТВ 24 ја потврдил министерот за здравство, Венко Филипче. Оставката Ставриќ ја поднела уште пред изборите, поради лични причини.
На прашањето кој ќе ја наследи директорката – министерот вели дека Клиниката располага со доста стручен кадар и доколку Ставриќ остане на одлуката да се повлече од функцијата, допрва ќе се одлучува кој ќе ја наследи.