Заради одржување на хигиената на улиците, Општина Бутел набави машина за чистење на улиците, наречена метларка. Метларката која ќе се користи за чистење на сервисните улици во Општината, поседува три четки од кои две во средината и една странична, како и четка за усисување, сад за отпад, филтер за прашина, вакум вентилатор и резервоар за вода. Максималната ширина на чистење изнесува 1700мм со две четки, односно 1900мм со три четки. Капацитетот на садот за отпад изнесува минимум 520 литри. Средствата за набавка на оваа метларка во висина од 3,5 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.