Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, денеска во 19 часот ќе ја промовира поемата „Охридски извори“ од големиот унгарски поет, Ференц Јухас, добитник на „ Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2002 година.
Во оваа пригода за делото ќе говорат писателот Раде Силјан и амбасадорот на Унгарија во нашата држава,Ласло Дукс, а пред присутните свое обраќање ќе има и писателот и преведувач, Паскал Гилевски. Настанот ќе биде збогатен и со музички колаж на Жужана Ѓурина Дуксне, позната флејтиска од Унгарија.