Таксистите, сопствениците на автошколите и вработените во Брзата помош во Франција денеска протестираат против најавената реформа на законот за сообраќај со блокади на улиците и патиштата ширум земјата.
Како што јави дописникот на МИА, полицијата во Париз предупреди дека треба да се очекуваат нарушувања на сообраќајот и блокади, што ќе траат да околу 20 часот, поради што ги советува возачите да ги заобиколат и избегнуваат зоните на протест и нивната околина.
Таксистите се незадоволни од законските измени со кои такси услугите се изедначуваат со оние на фирмите за изнајмување на возила со возач. Според претставникот на синдикатот на таксистите Адил Карами, овој нов закон „ќе ги влоши работите, бидејќи има намера да им даде специфични права на фирмите за изнајмување на возила со возач, какви што сега имаат само такси компаниите: како движење во посебни сообраќајни ленти или станици на јавни патишта за чекање клиенти.
Од измените се незадоволни автошколите, кои сметаат дека реформите се во полза на интернет платформите, кои се новодојдени во овој сектор.
Вработените во Брзата помош пак протестираат против реформата на финансирањето на здравствениот транспорт.