Сопствениците на Манчестер Сити ќе му понудат на Пеп Гвардиоала договор на пет години во текот на кој би заработил 100 милиони фунти, односно 20 милиони фунти годишно, пишува „Сан”.
Каталонскиот тренер оваа сезона во Англија ги освои сите можни трофеи, па затоа арапските сопственици на Сити одлучија да му дадат „понуда што не се одбива”.
Гвардиола досега во Етихад годишно заработуваше по 15 милиони фунти, но шеиците одлучиле да му додадат уште пет милиони фунти бонус како награда за сите годинешни освоени круни.
„Граѓаните” се уверени дека нивниот тренер е најдобриот во светот, па сакаат да го врзат за себе што е можно подолго.