Скопјанец бил тешко повреден откако со автомобилот што го управивал излетал од пат и удрил во метална заштитна ограда, вчера на магистралниот пат Гостивар-Кичево.
Според полицијата, сообаќајката се случила околу 9.30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на Новоселски мост. Автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.П.(70) од Скопје, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во металната заштитна ограда.
Возачот С.П. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Гостивар.
По укажаната лекарска помош тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.
Увид извршила екипа од ПС Гостивар.