Францускиот актер Ален Делон доби почесна „Златна палма“ на 72.Меѓународен фестивал во Кан, велејќи дека не се сеќава кога бил последен пат толку трогнат.
„Долго време не сум плачел толку многу”, рече Делон (83), примајќи ја наградата од својата ќерка Анушка Делон со аплауз од публиката.
На врачувањето на Златната палма за животно дело синоќа присуствуваше и францускиот министер за култура Франк Ристер, претседателот на Канскиот филмски фестивал Пјер Ласкур и неговиот заменик Тиери Фремо. Делон рече дека сака да се прости од публиката на која сака да ѝ се заблагодари.
„Одам, но пред тоа ќе се заблагодарам. Благодарение на публиката станав ѕвезда”, рече Делон.
Актерот со голема харизма се појави на црвениот килим со звуците на музиката од филмот „Сицилијанскиот клан” на Хенри Вернеј во кој глумат Делон, Жан Габен и Лино Вентура. Делон, видно трогнат од публиката, даде неколку автограми и застануваше да ја поздрави публиката.
Делон имаше турбулентни односи со организаторите на фестивалот, и досега нема добиено признание од овој фестивал.