Холандскиот фудбалер Матијс де Лихт по кого се дигна голема прашина во летниот преоден рок, конечно ја реши енигмата – од Ајакс за заминува во Барселона.
Холандскиот бек беше еден од клучните играчи за успехот на клубот од Амстердам оваа сезона, па така стана мета на многу големи европски екипи, но тој сепак одлучи да игра во „Ла Лига”.
Каталонскиот клуб се очекува за услугите на Де Лихт во следните 10 години на Ајакс да му плати околу 65 милиони евра.
Доколку Каталонците успеат да го комплетираат трансферот на 19-годишниот фудбалер, тоа ќе биде втор нивен трансфер од иста холандска екипа, по Френки де Јонг.
Барселона смета дека со овие два трансфера ќе ја освежи својата бековска позиција, по заминувањето на Карлес Пујол и Хавиер Маскерано, и со 32-годишниот Жерар Пике.