Недостатокот на витамин Б12 на долг рок може да предизвика сериозни здравствени проблеми, па затоа раното откривање е многу важно, особено кога нашето тело нѝ испраќа јасни сигнали дека нешто не е во ред.
Многу е важно да препознаете недостаток на витамин Б12 во телото. Симптомите вклучуваат проблеми со видот, слабо помнење, лоша координација и оштетување на нервниот систем. Ваквата состојба се случува кога на телото му недостасуваат црвени крвни зрнца бидејќи овој витамин е заслужен токму за нивното создавање.
Доколку телото нема доволно црвени крвни зрнца, ткивата и органите остануваат без кислород, а тоа поттикнува симптоми на недостаток на вистамин Б12. Еден од симптомите е и промена на бојата на јазикот. Крваво црвениот јазик е јасен показател за недостаток на овој витамин, а стручниот назив за ваквата појава е глоситис.
Глоситисот укажува на алергиска реакција на храна или лек, бактериска или габична инфекција, реакција на зачинета храна, желудочен рефлукс или сува уста.
Останатите симптоми на недостаток на Б12 се и чувство на умор, недостаток на здив, неправилна работа на срцето, главоболка и намален апетит. Доколку имате анемија, кожата е бледа, а движењето на екстремитетите може да биде болно.