Руски воен авион накратко влезе во воздушниот простор на Естонија, која е членка на НАТО, по што на разговор во Талин беше повикан рускиот амбасадор.
Според денеска објавената информација, рускиот авион „Тупољев Ту-154″ во саботата помалку од минута бил во воздушниот простор на Естонија, близу островот Вајндло во Балтичкото Море.
Естонија најави дека на рускиот амбасадор ќе му предаде нота за овој инцидент, кој е прв оваа година.