Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ кој два пати во својата кариера ја претставуваше Србија на Евровизија напиша дека според него македонската претставничка Тамара Тодевска е победничка на фестивалот.
„Време е да се преиспита начинот на гласање на Евровизија. За мене, вечерва победи Тамара“, напиша Јоксимовиќ на „Твитер“.
Vreme je da se preispita nacin glasanja na #Eurovision
Za mene, veceras je Tamara pobedila.— Zeljko Joksimovic (@ZZeljko) May 18, 2019
Тамара го освои осмото место, што е најголем успех досега помеѓу македонските претставници на овој избор.