Либанските безбедносни сили денеска употребија водени топови против демонстрантите, кои протестираа во Бејрут против мерките на штедење, додека либанската Влада се соочува со фискална криза.
Повеќе од 100 демонстранти се собраа денеска пред зградата на Владата, извикувајќи „крадци, крадци”, за време на владината седница, на која се дебатираше за контроверзното намалување на буџетските трошоци.
Демонстрантите се туркаа со полицијата и палеа гуми пред зградата на Владата, а меѓу учесниците на протестот беа и наставници од јавни и приватни училишта.
Плановите на Владата за намалување на буџетските трошоци предизвикаа бран на јавно незадоволство по гласините дека на удар на мерките за штедење би можеле да бидат платите во јавниот сектор и социјалните надоместоци.
Либанската економија се бори со висок долг, зголемена невработеност и бавен раст. Со реформите, кои ги спроведува Владата, сака да ги деблокира милијардите долари вети странска помош.