Се ожени пратеникот Горан Милевски, владејачката елита на свадба
Претседателот на ЛДП и битолски пратеник, Горан Милевски синоќа се ожени за лекарката Марина Пешевска, од Скопје.
Свадбената церемонија се одржа во ресторано на “Балукс“ во комплексот “Арена“, а на неа присуствуваше половина влада, челниците на ЛДП и членови на СДСМ, пренесе Bitola News.