Мауро Икарди нема да биде на списокот на аргентинскиот селектор Лионел Скалони за претстојното првенство на латиноамериканскиот континент „Копа Америка”.
Напаѓачот на Интер не се најде меѓу 23 репрезентативци поради големото отсуство од теренот и исцрпните преговори околу новиот договор со италијанскиот клуб.
Аргентинецот по пропаднатите преговори се пожали на повреда, така што долго време беше надвор од теренот, а во јавноста се зборуваше дека Икарди всушност е здрав и дека глумел поради незадоволство од текот на преговорите.
Инаку, годинешното 46 издание на Копа Америка ќе започне на 14 јуни, а ќе заврши на 7 јули. Бранител на насловот е Чиле, кој овој куп го освоил во 2015 и 2016 година.