Непознат маж настрадал вчера во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Мостар-Јабланица кај местото Грабовиц, во Босна и Херцеговина. Сообраќајката се случила кога човекот удрил во автобус и загинал на самото место.
Зад несреќниот човек возел автомобил во кој имало неколку луѓе кои ја снимиле целата сообраќајна несреќа.
Меѓутоа, она што предизвика бура реакции на друштвените мрежи се коментарите кои се слушаат на снимката, а се однесуваат на несреќата. Имено, авторот на снимката, цело време коментира, а откако се случува сообраќајката, упатува неколку непримерни коментари на сметка на возачот, па дури и се смее.