Комунално возило прегазило пешак на локалниот пат во село Пирок, Тетовско. Како што информира МВР, вчера во 11.30 часот товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“, а управувано од А.Ф.(55) од село Боговиње, удрило во пешакот О.М.(40) од село Боговиње, вработен во истото претпријатие.
Од ударот О.М. починал на местото. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.