Најстариот македонски медиум „Нова Македонија” е новиот член на најголемата македонска платформа за онлајн-огласување mAd (Macedonian Ad Plаtform). Преку оваа платформа огласувачите, како и маркетинг и ПР-агенциите, имаат можност со една кампања да допрат до читателите на највлијателните македонски онлајн-медиуми. Да потсетиме дека пулот брои деветнаесет медиуми и е водечка информативна групација во земјата.
Овие медиуми покриваат различна публика по возраст, пол и интерес и заедно имаат покриеност од дури 94 отсто од сите интернет-корисници во земјата. Она што е најважно е дека сите медиуми работат транспарентно и продуцираат сопствени новинарски содржини.
Покрај Нова Македонија, А1Он, Макфакс, Вечер, Капитал, Скопско ехо, 24 Инфо, Култура и Весник, тука се и агрегаторите GRID и Вести, забавните портали Reporter, MExpress, Mајка ти и татко ти, технолошките интрнет-страници USB и Додај гас, спорсткиот topsport…
Создавањето една ваква групација на медиуми беше директно поттикнато од големиот одлив на буџети од македонските огласувачи кон Facebook и Google.
Компаниите што своите огласи и рекламни пораки ги пласираат преку платформата mAd имаат неколкупати поголем ефект во споредба со другите медиуми, пребарувачи и социјални мрежи.