Владата на Нов Зеланд одлучи да го усогласи експлозивниот пораст на бројот на туристи и заштитата на она што најмногу ги привлекува – недопрената природа.
„Природното и културното наследство на Нов Зеланд е суштината на нашиот туризам и нашиот национален идентитет”, рече министерот за животна средина, Еугениј Саг. Не сакајќи да се откажат од своите туристи, но и да го зачуваат своето природно богатство, владата претстави нова и, како што велат, софистицирана стратегија на истовремено ширење на инфраструктурата и зачувување на областа. Заедно ја составија две министерства, за туризам и за заштита на животната средина.
Парите за ова ќе бидат обезбедени од фондовите за регионален развој, но и со нова такса за посетители.
Од октомври оваа година, владата ќе им наплатува на туристите 35 новозеландски долари кога ќе влезат во земјата.
Минатата година, 3,8 милиони странски туристи ја посетија земјата. Даночните приходи ќе се користат за заштита на животната средина и инвестирање во инфраструктурата.
Се очекува дека до 2025 година бројот на странските туристи ќе се зголеми на пет милиони