Американскиот министер за енергетика, Рик Пери најави дека САД планираат наскоро да воведат санкции против Северен поток 2 , објавија американски медиуми.
– Претставничкиот дом и Сенатот се очекува да подготват нацрт-закон за рестриктивни мерки против компаниите што учествуваат во проектот за гасоводот, рече Пери.
Тој ја даде изјавата во Киев, каде престојува за инаугурацијата на новоизбраниот претседател Владимир Зеленски.