„Родив син, а сопругот дозна дека е неполоден“
Санела реши со сите да ја сподели својата животна приказна, иако многумина ќе ја осудат.
Таа сакала дете, но со човекот кој вистински го сакала. Тоа и се исполнило, но не на начин кој го планирала.
Ова е нејзината исповед:
– Пред да се омажам бев весела девојка, секогаш подготвена на зезање и флерт. Пред него бев со едно момче кое се пресели во Сараево и така патев за него многу.Кога почнав да се забавувам со мојот сегашен сопруг Бојан, многу ме гушеше и сакав да побегнам, па раскинав со него. Живееме во мала средина, тоа беше срамно, но и ретко.
Побегнав со еден човек од другото село, кој беше прекрасен. Отидовме во Белград, каде се забавуваме, меѓутоа се појави Бојан и почна да ми плаче за да се вратам, дека ме сака…
Му се вратив. Се вратив бидејќи ми беше срам и сфатив дека со него можам да остарам,а ако пукне брука, нема никој да ме сака. Тогаш имав околу 25 години.
Сега времето е поинакво, тогаш така беше. Не ни очекував дека некои работи ќе ми се случат. Колку и да сме имале незаштитен однос, едноставно никогаш не останував бремена. Јас бев очајна, тој се тргаше од мене, на крајот станавме речиси како пријатели. Во меѓувреме почна војната и во наше село дојдоа избеглици. Меѓу нив и мојата најголема прва љубов се врати од Сараево. Таман во тој период јас и Бојан се венчавме. Ноќ пред свадбата спиев со мојата најголема љубов. Кога ми прости за тоа што не го чекав , почнавме постојано да се гледаме иако бев во брак. И ете… некаде во 1995 година останав бремена. Родив син. Никогаш на никој не кажав чиј е. Мислев дека никој не знае, но мојот син почна да расте и се повеќе личи на мојата прва љубов. Тоа го сфати и сестрата на мојот сопруг и почна да ме игнорира, односно се однесуваше како да не постојам.
Тоа ме болеше, но максимално се посветив на детето. Сега тоа е прекрасно момче, по неколку години мојот сопруг доби разни болести кои го јадеа од внатре и неодамна дозна дека е неплоден. Тој ден нема да го заборавам.
Седна пред куќата и чита, а јас го прашав што се случило… тој ми вели дека се ми е простено.
Долго време плачевме но се смиривме, па конечно бевме среќни и задоволни, но потоа следеше хорор.
Неговата сестра и фамилијата почнаа да ме игнорираат, да го игнорираат нашиот син и да се однесуваат како да не сме роднини. Многу боли тоа, многу…“