Веќе подолг период се пишува дека фудбалерите на Челси не се задоволни со методите на тренинг и пристапот на тренерот Маурисио Сари.
Италијанскиот стратег и покрај тоа што имаше турбулентна сезона успеа со клубот да заврши на третата позиција во Премиер лигата и да игра финале во Лига Европа, меѓутоа веројатно и тоа нема да биде доволно и по крајот на сезоната спогодбено ќе го раскине договорот со клубот.
Неколку италијански и англиски медиуми пишуваат дека Маурисио Сари ќе си замине од Челси и кариерата веројатно ќе ја продолжи во редовите на Јувентус како замена за Масимилијано Алегри.
На негово место во Лондон пак треба да пристигне легендата на клубот, Френк Лампард кој со својот Дерби се пласираше во финалето од плеј-офот на Чемионшип лигата и е на чекор до промоција во Премиер лигата.