Меѓу Универзитетот во Тузла, Босна и Херцеговина, и скопскиот Универзитет Свети Кирил Методиј (УКИМ) е потпишан договор за соработка што подразбира не само соработка во областа на мобилност на наставниците, соработниците и студентите, туку и работа на некои заеднички научноистражувачки проекти.
За ова не информира ректорката на Универзитетот во Тузла Нермина Хаџиграхиќ која е дојдена во Скопје по повод 70 годишнината од основањето на УКИМ и одбележувањето на патрониот ден.
– Меѓу Универзитетот во Тузла и Универзитетот од Скопје, имаме потпишано договор за соработка, и се надеваме дека оваа соработка ќе се прошири на повеќе полиња, и дека вакви заеднички средби ќе се одржат не само по овој повод, туку уште повеќе, вели Хаџиграхиќ.
Додаде дека се уште нема размена на студенти меѓу двете држави, но дека соработката треба да се прошири, бидејќи како што рече, Универзитетот во Тузла има 13 факултети, а исто голем број на факултети има и на УКИМ па може да се најдат заеднички програми со кои би се извршила размената на студенти.
Посочи дека е тука да ја сподели радоста со своите колеги и да му посакаат на Универзитетот да си прослави уште многу годишнини.