Шенсаесетгодишно мочме, велосипедист, вечра се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил, соопштија денеска од СВР Куманово.
Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 16:30 часот на локалниот пат Куманово-село Табановце, кога 57-годишниот Џ.Х управувајќи автомобил „опел вектра” удрил во 16- годишниот велосипедист од Куманово.
Момчето, кое се здобило со тешки телесни повреди, било пренесено во кумановската болница, а потоа и во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.