Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, Скопје Мериот хотел го одбележа својот трет роденден. Меѓу гостите присутни на забавата можеа да се сретнат еминентни имиња од бизнис заедницата, амбасадори, медиумската фела, како и јавни личности од културниот и социјалниот живот од државата.
Роденденската прослава беше конципирана според значењето на трите елементи – земја, вода и оган, и сите реквизити за забавување на гостите, како и храната, разните специјалитети и пијалаците беа тематски изработени. Забавата беше збогатена со изведба на познат рок бенд и диџејски сет.
Скопје Мериот хотел, преку автентичната роденденска прослава и одличната забава за сите гости, покажа дека е предводник на културниот и социјалниот живот во градот збогатувајќи го со интересни и уникатни настани.
Во изминатите три години, откако Скопје Мериот хотел како дел од глобалниот бренд, ги нуди своите услуги во хотелиерството и угостителството и преку својата улога се издвои како угостителски објект со врвна услуга, капацитети прилагодливи за сечии потреби и беспрекорно место за секаков вид настани.