Неповратна финансиска поддршка во висина од 180 илјади денари за инвестиции што ќе придонесат за развој на руралните средини се предлага со измените на националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период 2018-2022 година.
Ова се дел од измените на предлог програмата што ги прифати Владата на денешната седница, а се предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и UN Woman.
Измените се во насока на поддршка на жените од руралните средини.