Во Универзитетската болница во Краков, јужна Полска, жена со царски рез родила шест деца, што е прв таков случај во земјата. Од бебињата, четири се девојчиња, а две машки.
Веројатноста да се родат шест бебиња одеднаш, е еден спрема пет милијарди. Мајката и новороденчињата се добро.
– Ова е првпат во Полскa да се роди шестка, а тоа е ретко и во светски рамки… А всушност, докторите очекуваа пет бебиња, изјави одговорниот во болничкото неонатолошко одделение, Ричард Лотербах.
Родителите добија честитки и од полскиот претседател Анджеј Дуда, а локалниот фудбалски клуб Краковија понуди доживотни влезници за нивните натпревари.