Две момчиња од кои еден малолетник биле тешко повредени кога се превртеле на тракторот на кој се возеле, вчера во Сарај.
Според полицијата, несреќата се случила во 18.30 часот на улицата „1“ во Сарај. Трактор со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(25) од истото село, изгубил контрола и се превртел. Возачот Ј.С. се здобил со тешки повреди, додека 15-годишниот сопатник од селото Грчец бил полесно повреден.
Двајцата биле пренесени во Градската болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.