Две лица загинаа во авионска несреќа на Алјаска, кога хидроавион на авиокомпанијата „Такуан Ер”, во кој се наоѓале пилотот и патник, се урна во пристаништето Метлакатла, недалеку од градот Кечикан, во југоисточниот дел на оваа американска сојзуна државата.
Ова е втора авионска несреќа во Алјаска на летало од „Такуан Ер” во период од една недела.
Во овој момент не се објавени околностите за несреќа. Имињата на починатите нема да бидат објавени додека нивните блиски роднини не бидат информирани.
Настраданите биле единствените луѓе на летот на „Такуан Ер”, соопштија локалните власти.
Летало на „Такуан Ер” учествуваше во судир на два хидроавиона во североисточниот дел на Алјаска минатата недела. При несреќата загинаа шест лица – едно од авионот на „Такун Ер” и петмина од друг авион.
Тогаш беа повредени 10 лица, сите американски државјани, а патниците на двата лета беа гости од бродот „Присес Крусес”.
Истрагата за оваа несреќа се уште е во тек и се спроведува од страна на федералната агенција за безбедност во сообраќајот.