Голден Стејт Вориорс се пласираа во големото финале во НБА лигата, каде ќе ја бранат титулата освоена минатата година. Во финалето на Западот Голден Стејт со чисти 4-0 ги елиминираа Портланд Трејлблејзерс. Вориорс се изборија за своето петто последовно финале во НБА, лигата.
Натпреварот број 4 во Портланд, Вориорс го решија во продолжението со 119:117, откако во регуларниот дел немаше победник (111:111).
Вориорс, на овој меч играа без Андре Игудала, што само ја зголеми нивната листа на повредени, на која веќе се наоѓаат Демеркус Казинс и Кевин Дурент, но уште еднаш покажаа зошто се една од најдобрите генерации во историјата на лигата.
Актуелните шампиони успеаја да го преживаеат и Мајерс Ленард. Крилниот играч на Портланд, кој во просек имаше пет поени по натпревар во плеј-офот, во четвртиот меч на Вориорс им уфрли 25 поени во првото полувреме.
Портланд на 100 секунди до крајот имаа 111:108, кога Клеј Томпсон погоди тројка и го однесе мечот во дополнителните пет минути. Таму блесна Дрејмонд Гри, на 38 секунди до крајот тој ја постигна решавачката тројки.
Стеф Кари и Дрејмонд Грин од Голден стејт, мечот го завршија со по трипл-дабл, што е прв ваков случај во историјата на НБА лигата, соиграчи да стигнат до вакви остварувања на ист натпревар.
Кари забележа 37 поени, 13 скока и 11 асистенции, а Грин 18 поени, 13 скока и 11 асистенции.
Кај Портланд Мајерс Ленард постигна 30 поени, на кои придодаде 12 скока, но во завршницата не доби ниту еден шут од соиграчите. Демијан Лилард забележа 28 поени и 12 асистенции, а Си Џеј Мекалум постигна 26 поени.
Ворирос титулата ќе ја бранат против Милвоки Бакс или Торонто Репторс, резултатот во оваа серија е 2-1 за Милвоки.