Денеска ВМРО – ДПМНЕ буквално избега и докажа пред граѓаните дека никако не сака нивното владеење да биде на увид на граѓаните.
Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска грубо, најгрубо го прекрши Деловникот на Собранието и постапи спротивно на своите надлежности и овластувања.
Кузмановска, спротивно на процедурата и на одлуката на мнозинството, членови на Комисијата за финансирање и буџет, за промена на насловот на Иницијативата за надзорна расправа, таа одлучи да го прекрши Деловникот и да ја стави иницијативата со стариот наслов.
ВМРО-ДПМНЕ, ќе повторам, бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во периодот од 10 години наназад.
Ние, како пратеничка група на СДСМ со коалицијата, апсолутно немаме никакви дилеми и се согласуваме со таквата иницијатива, но не смееме да дозволиме, ниту смееме да го нарушиме дигнитетот на Собранието и нашиот како пратеници, надзорната расправа како институт да се користи исклучиво за популистички, теснопартиски цели, а се со една намера, оцрнување на граѓаните.
Ја повикуваме претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, веднаш да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет и да ја стави иницијативата за одржување надзорна расправа со видоизменет наслов за што постои и одлука на Комисијата за финансирање и буџет.
Во интерес на јавноста, насловот гласи вака:
„Имплементација на Законот за јавни набавки Член 23, што всушност може да го видиме и во самото барање поднесено од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – за склучените договори за консултантски, адвокатски и нотарски услуги со Владата и органи на државната управа, како и препријатија во целосна, доминантна и делумна сопственост на државата во измнинатите 10 години”.
Почитувани граѓани, на крај, би сакал да ве информирам дека не е проблем за ВМРО-ДПМНЕ што не го прифати насловот, суштината не е во насловот. Суштината лежи во десетте години
кои бараме да бидат предмет на надзор, а се со цел граѓаните навистина да дознаат какви се договори склучувале директорите и функционерите кои во тоа време биле поставени во институциите.
Повторувам и охрабрувам, да не бегаме од увидот на јавноста. Во име на транспарентноста, во име на подигнување на демократските вредности и принципи во ова Собрание на Република Северна Македонија, да ја свикаме комисијата и заеднички, да го ставиме на гласање, да го почитуваме Деловникот и она што значи одлука на Комисијата и во име на граѓаните да постапиме и надзорната расправа.
Навистина да се одржи, но да има суштина и да има јасна определена цел.
Ние, како политичка партија со коалицијата секогаш сме поддржувале, ќе поддржуваме и охрабруваме што повеќе да се користат институтите кои што располагаат во ова собрание, а се со цел и во име на транспарентноста на демократијата во нашата Република Северна Македонија.