Марадона лут поради плакатот за неговиот филм

Плакатите што го најавуваат двочасовниот документарец за Диего Марадони (58), премиерно прикажан во неделата вечер на Филмскиот фестивал во Кан, го налутија славниот фудбалер.

На рекламните натписи пишува: „Диего Марадона: Бунтовник. Херој. Лажго. Бог.“

Контроверзниот фудбалер го налути зборот „лажго“, поради што ја повика публиката да „не го гледа филмот кога следниот месец ќе почне да се прикажува во кината”.

„Играв фудбал и заработував трчајќи по топката …, не лажев никого“, рече тој во интервју за Univision.

„Ако избраа ваква реклама за да ја привлечат публиката во кино, тогаш тоа го прават погрешно. Не ми се допаѓа името, а штом не ми се допаѓа името, нема да ми се допадне ни филмот. Не одете во кино и не го гледајте филмот“, им порача тој на своите обожаватели.

Треба да знаете
Последни објави