Во Владата на Република Северна Македонија се одржува средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која треба да стане збор за најавените промени во Владата.
Премиерот денеска најави дека како коалициски партнери ќе разговараат за кадровски промени во извршната власт.
– Иако симболиката дојде од зборот „метла”, сепак, се работи за луѓе професионалци. Зборуваме за ароганција, за неисполнување на очекувањата од одредени институции и зборуваме за немукаетност или неможност да се постигнат очекуваните цели кои граѓаните ги очекувале. Значи зборуваме за личности, не зборуваме за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата. Сите оние кои покажале слабост од ваков карактер вредно е да се размислува да бидат променети со други луѓе, изјави денеска Заев по дебатата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам.