Уште една лага од ВМРО-ДПМНЕ, јавната набавка на Град Скопје е законска, со посочената компанија соработувал и Коце Трајановски

ВМРО ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непсотоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста.

Нема ништо незаконско во јавната набавка за која денеска лажеше ВМРО-ДПМНЕ.

Како што јавно соопшти Град Скопје соработката со посочената компанија се заснова на јавен повик за јавна набавка која е помината низ сите законски постапки и спроведена јавна набавка на која можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите.

Уште еден факт со кој се побиваат шпекулациите и невистините на ВМРО ДПМНЕ е и дека истата оваа компанија соработувала со  Град Скопје и во минатото, кога градоначалник на Град Скопје бил Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите неосновани обвинувања се уште еден неуспешен обид на ВМРО ДПМНЕ за манипулирање на јавноста. Граѓаните одамна ја препознаа ВМРО-ДПМНЕ како извор на лажни вести и затоа никој веќе не верува во лагите и измислиците од белиот дворец.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави