Македонскиот писател Венко Андоновски на 24 и 25 мај ќе учествува како специјален гостин на Саемот (салонот) на книгата во Санкт Петербург.
На 24 мај ќе учествува на меѓународна тркалезна маса со повеќемина странски писатели, на тема „Перспективите на книжевноста денес“, а на 25 мај е предвиден разговор за делото на нашиот писател, што ќе води во моментов најпопуларниот руски писател Евгениј Водолазкин, припадник на истата книжевна генерација како и Андоновски.