Бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска, ќе сведочат на наредното рочиште за случајот „Тортура“, односно за нечовечкото апсење на Љубе Бошкоски, во кој еден од обвинетите е Сашо Мијалков, екс директорот на УБК.
Овие сведоци се повикани бидејќи беа објавени „бомби“, во кој разговараат за апсењето на Бошкоски.
Покрај Камчев и Трајковска, СЈО за сведок го бара и Иво Котевски, поранешниот портпарол на МВР.
На денешното рочиште сведочеа четворица вработени во МВР, кој немаа детали за акцијата.
Наредното рочиште ќе се оддржи на 30 јуни.