Во координирана операција против шверц со дрога ширум Европа, 22 лица беа уапсени, изјави денеска „Европол“.
Според„Европол“, осомничениот водач на синџирот шверцери, 48-годишниот Летонец, бил уапсен во Шпанија.
Другите беа уапсени во Полска, Литванија, Шпанија и Велика Британија, објави „Ројтерс“.
„Европол“ истакнува дека ова е најголемата операција од ваков вид во која беа пребарани 40 куќи на 15 и 16 мај.
Беа запленети осум милиони евра, дијаманти, златни полуги, накит и луксузни автомобили.