Властите во Приштина предупредуваат дека би можеле да наметнат 100-процентни царини за увоз на производи од Албанија, доколку Тирана не ги отстрани пречките за извоз на брашно, пиво и компири од Косово во следните два месеци, пишуваат медиумите во Приштина.
Претходно, претставници од Тирана и Приштина одржаа состанок, но не успеаја да постигнат договор за надминување на проблемите поврзани со извозот.